МНР: Досега се репатрирани 2431 граѓани во нашата земја, денеска чартер лет од Лондон

Од:

По деветте чартер летови за репатрирање на македонски државјани од Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија и Швајцарија, денес во соработка со амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство, МНР организирало чартер лет за враќање на затекнатите граѓани во Обединетото Кралство.

Од аеродромот Лутон, во близина на Лондон, со лет на Визер репатрирани се 130 македонски граѓани, а на летот кон Скопје, во соработка со британската амбасада во Северна Македонија, биле превезени 60 странски државјани од Обединетото Кралство, САД и Австралија.

„Исто така, информираме дека денеска се организира 4-ти по ред хуманитарен конвој, овој пат од Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во земјата ќе се вратат вкупно 64 македонски граѓани со 19 возила. Во изминатите неколку дена, во соработка со министерствата за надворешни работи на повеќе држави и во координација со нашите дипломатско-конзуларни претставништва, на 30 наши граѓани од САД и Австралија им беше обезбедено непречено да транзитираат низ неколку држави со цел да дојдат до финалната дестинација, аеродромите во Софија и Солун“, велат од МНР.

Со ова, вкупниот број на репатрирани граѓани во нашата земја, заклучно со денес е 2431.

МНР упатува благодарност кон надлежните власти во Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Швајцарија, САД, Австралија, Холандија и Велика Британија за соработката и обезбедување на непречен транзит, како и за и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

„МНР продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство; во следните денови предвиден е и чартер лет за репатријација од Белгија и Франција“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов