Мнозинството уставни судии бара да се поведе постапка за членот на Законот за електронски комуникации

Од:

Широка двочасовна дускусија кај уставните судии за членот 175 од Законот за електронски комуникации, на денешната седница на Уставниот суд, пишува Макфакс.

Судијката известител Вангелина Маркудова, предложи да се поведе постапка. Таа смета дека оспорениот член не регулира во кои случаи се оправдува отстапувањето од уставно загарантираното право на приватност и неповредливост на податоците. Подвлече дека постои опасност од незаконито и неуставно искористување на опремата за прислушување и може да доведе до загрзоување на уставно загарантираните права на граѓаните. На оваа линија се судиите: Исмаил Дарлишта, Наташа Габер, Гзиме Старова и Сали Мурати.

Малцинството судии сметаат дека само со судска наредба од судија на претходна постапка како и со образложено барање од јавен обвинител, тоа може да се дозволи бидејќи државните органи добиваат неконтролирана моќ за злоупотреби и неконтролирано прислушување. Претседателот Никоа Ивановски, Елена Гошева, и судијата Јован Јосифовски не гледаат ништо неуставно и образложуваат дека членот дава само технички насоки, додека со Законот за кривична постапка и други членови од Законот за следење на комуникациите е уредена постапката во кои случаи може да се прислушува.

Судиите кои застанаа зад иницијативата потсетија дека во 2010 година, Уставниот суд донел интервентна мерка со која поништил слична одредба, која во овој закон повторно е воведена. Дел од судиите се сомневаат и дека членот 176 , е неуставен. Судијата Јован Јосифовски најави дека има обврски на лекар, па за интерес на расправата се врати по 10 минути со објаснување дека ги одложил обврските.

Државната советничка Менка Траханова им одржа лекција на уставните судии, по барање на судијката известител Вангелина Маркудова, таа беше повикана да одговори на прашањата на судиите, што е невообичаена ситуација за овој суд. Повеќе од половина час, Трајанова онјаснуваше зошто во рефератот од 20- страници изнеле став да се поведе постапка. Таа потенцираше неколкупати дека мора да постои уставна основа во спорната одредба. Во одредбата се нагласува дека не е забрането следењето на комуникациите, доколку операторот обезбедил опрема без шумови. „Дали тоа значи дека ако секој човек може да биде затворен ако се обезбедат соодветни услови“, праша Трајанова. Во интерес на државата е вмешување во приватноста, но мора да има уставна основа, рече Трајанова. Дел од судиите ја нападнаа со прашања Трајанова, дека целата материја е деликатна, и дека ако се отстранела нормата, ќе се внел хаос во законодавството.

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Агелер: Притисоците врз судската власт мора да престанат, судиите мора да бидат ослободени

Орце Костов

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи