Многу скоро ќе го имаме моделот за прочистување на судството, најави министерот Маричиќ

Од:

Во процес е изготвувањето на моделот за прочистување на судството, постојат повеќе аспекти кои што треба да се докомплетираат, но многу скоро ќе го имаме, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, прашан до каде е најавеното прочистување на судството.

Во однос на тоа што точно ќе значи прочистувањето, Маричиќ рече дека идејата е да има редовна и динамична проверка на работата и на судиите и на обвинителите, која што во рамките на постоечкиот закон ќе овозможи зајакната транспарентност, одговорност и етика и во судството и во јавното обвинителство.

– Тоа значи оние кои што се професионални, чесни и одговорни судии и обивнители да останат во судството и бидат наградени, а оние кои не работата професионалани и за кои евентуално има докази дека намерно застаруваат предмети или потенцијална корупција да не бидат дел од правосудството, рече Маричиќ.

Откако се донесени законските решенија во 2019 година, посочи Маричиќ, започнат е еден вид на филтрирање или прочистување и веќе осум судии се разрешени, а за 83 се во постапка.

– Наша цел е тоа да биде појасен, транспарентен и поконкретизиран процес и работиме на тоа заедно со методологијата за сложеност на предметите да биде усвоено во многу скоро време, изјави Маричиќ.

Тој посочи дека сето тоа се прави во соработка со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

– Очекувам во скоро време да бидат промовиран планот за филтрирање или прочистување, меѓутоа пред Советот за реформи во правосудството, рече Маричиќ.

Посочи дека работната група се уште работи и дека во неа учествуваат членови и раководството на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, како и експерти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери

Маричиќ: Нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада

Американскиот помошник-државен секретар О`Брајан пристигна во Скопје

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он