МНД-Битола додели јавна благодарница на претседателот на РСМ Стево Пендаровски

Од:

Македонско научно друштво-Битола во рамки на јубилејот – 60 години МНД-Битола, додели признание, кристална коцка и јавна благодарница на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

Шефот на државата приреди прием за делегација на МНД-Битола предводена од претседателот д-р Марјан Танушевски и членките на раководството, д-р Мери Џарлиева и доцент д-р Невена Груевска кои претседателот Пендаровски го информираа за историјатот на Друштвото, програмските активности и издавачката дејност.

-Пријатно сум изненаден од богатата историја на МНД-Битола, мисијата и визијата. Ви честитам за ангажанот и традицијата што ја негувате, истакна претседателот Пендаровски, а во знак на благодарност, претседателот на МНД-Битола, Танушевски му подари примероци од јубилејната монографија „60 години ДНУ/МНД-Битола, 1960-2020“, новиот број на списанието „Современи дијалози“ и посебното издание „Прилози“ со трудови од научниот собир „Академски такт за фолклорот и етнологијата“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Пендаровски: Колку вреди зборот на човек кој е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат!