ММДЧП ги повикува Русија и Кина да поднесат барање до Обединетите Нации за поддршка на Македонија, и да се обврзат дека ќе стават вето на било каква промена на македонското име
По средби со руски и кинески претставници, Македонското меѓународно движење за човекови права испрати писма до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и до кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во кои ги повикуваат двете земји, како членки на Советот за Безбедност на Обединетите нации да поднесат барање до ОН со кое ќе се побара да ја почитува својата Повелба и владеењето на правото и веднаш да и дозволи на Република Македонија да биде примена под своето вистинско име, и со тоа трајно да се стави крај на сите обиди за негово менување, се наведува во соопштението.
Исто така се бара „недвосмислено да повикаат да се стави крај на принудното и илегално спроведување на Преспанскиот договор и да стават вето на каква било промена на македонското име и идентитет“.
„ММДЧП побара поддршка за да се одбрани нашето право на самоопределување, и појасни дека западните империјалистички цели за проширување на НАТО со нови членки – при што на Грција и се помага во нејзаната цел да се избрише македонската нација – мора да бидат итно спречени.
Во нашите дискусии со претседателот Ѓорге Иванов и со неговите советници за надворешна политика, ММДЧП, заедно со нашите партнери во борбата за одбрана на Македонија, ги подвлекуваме барањата претседателот да преземе итни мерки со кои ќе се помогнат погоре наведените акции и да поднесе негово барање до ОН, како претседател на Република Македонија.
Понатаму, ги повикуваме сите земји – членки на ОН да ја почитуваат Повелбата на ОН и притоа да ги почитуваат и бранат правата на Македонија и на македонскиот народ“, се додава во соопштението.