Младите на владин состанок ја претставија својата визија за образованиетo

Од:

Младите и Владата денеска одржа онлајн состанок на високо ниво по повод Светскиот ден на детето – 20 ноември на кој владините и меѓународни претставници имаа можност да чујат од децата како да се подобри образовниот систем, квалитетот на образованието и самото општество во целина.

Квалитетно учење и образование, справување со предизвиците од онлајн наставата, градење вештини кај младите, ментално здравје и врсничко насилство и еко училиште, беа темите во фокусот на овогодинешната онлајн седница на високи ниво “За децата од децата – иднината на образованиетo”, на која младинските претставници пред одговорните претставија свои идеи, предлози, барања и критики во овие шест конкретни теми.

Премиерот Зоран Заев, во поздравниот говор, посочи дека цврста намера на Владата е да дизајнира образовен систем што ќе создава личности кои ќе размислуваат критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти, докази и анализи.

– Сакаме образование што ќе изгради личности кои што ќе ги почитуваат граѓанските права, толеранцијата и различностите и ќе се воспитуваат и образуваат во духот на мултикултурализмот, изјави Заев.

Наша цел, посочи тој, е да креираме образование што ќе ги подготви младите за потребите на пазарот на трудот и да ја намалиме младинската невработеност.

– Северна Македонија, како и секоја земја членка на ОН, со прифаќање на Конвенцијата за правата на децата се обврза дека ќе ги почитува четирите основни принципи – недискриминација, придржување кон најдобрите интереси на детето, правото на опстанок, живот и развој и правото на учество, што се основните услови за остварување на сите други права на децата, изајви Заев.

Овој заеднички настан, нагласи тој, го исполнува четвртиот принцип на правото да учествуваат во креирањето на политики на децата.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, порача дека неопходен е соодветен образовен систем за да се изгради следна генерација што ќе се ангажира во општеството. Тоа, нагласи тој, е голем предизвик насекаде и во ЕУ и овде во Северна Македонија.

– Образованието треба да ги опреми младите со вештините потребни за учество на пазарот на труд, кој брзо се менува. Затоа е потребно да се поттикнува креативноста, иновациите и да ги подготви младите за брзоразвивачки технологии и нови реалности, изјави Гир.

За таа цел ЕК, посочи тој, предложи план за воспоставување европска образовна зона до 2025 година со неколку елементи, како поголем квалитет, инклузивност и родова сензитивност, зелена и дигитална транзиција, мотивирани наставници, посилно високо образование и придонесување кон геополитичките цели на ЕУ.

Претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија Патриција Ди Џовани, порача дека пандемијата ги изложи на виделина длабоките нееднаквости во општеството и создава голем ризик децата да станат скриени жртви на сето тоа.

– Наша цел е да слушнеме како младите и децата сакаат да ја преобразат иднината. Секако дека има и други теми, но образованието е од основно значење за подобрување на животот на младите и за одржлив развој, изјави Ди Џовани.

Одлуката за отворање на училиштата со почитување на заштитните мерки, порача таа, е позитивен чекор, што ќе го намали негативното влијание од долготрајното затворање на училиштата.

На вебинарот со младинските застапници ќе учествуваат и министрите Мила Царовска, Венко Филипче, Јагода Шахпаска и Насер Нуредини.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Да не дозволиме ниту едно дете да ни е на улица, надвор од образовниот систем, маргинализирано или злоупотребено

Катерина Ѓуровски

Царовска до учениците: Младите и децата се наши партнери, заедно ќе создадеме подобро образование

Ана Ололовска

Царовска: Да создадеме свет каков што замислува секое дете, да обмислиме подобра иднина

Ана Ололовска

Музејот на современата уметност блесна во сина боја, како дел од „Светскиот ден на детето“

Ландов

Институции и обележја во Скопје ќе светнат во сина боја во чест на Денот на детето

Ана Ололовска