Младите лекари и специјализанти: Ивермектинот е приказна за занимација на јавноста, а вакцинацијата е решение

Од:

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари упати жестоки критики по фамата која настана во јавноста за употребата на лекот Ивермектин, кој прво беше промовиран од министерот за здравство Венко Филипче, пa пуштен во продажба во одредени аптеки, а дури потоа матичните доктори добија мислење за употреба, но не и протокол. Од Асоцијацијата сметаат дека приказната за лекот е смислена само за јавноста да има што да се занимава, а единственото решение за коронавирусот е само вакцинацијата.

„АСМЛ ќе го потенцира вистинското решение за оваа пандемија – вакцинацијата, се друго е само заведување и замена на тези. Во ситуација кога Србија до јуни ќе заврши со комплетна вакцинација, кога Албанија започна веќе, приказната со Ивермектинот е само смислена приказна за да се занимава јавноста и лекарите. План за вакцинација веднаш, со рокови и гаранции!“, реагираат од Асоцијацијата.

Дел од матичните доктори и денеска реагираа на социјалните мрежи и бараа официјално упатство за употреба и протокол за употреба на лекот. Доколку лекот се пребара преку генеричкото име во Регистарот на лекови на страницата од Министерството за здравство, евидентно е дека тој не е внесен. Поради тоа, матичните лекари немаат ниту официјален протокол за дозирање, ниту упатство за употреба.

Лекарската комора денеска испрати само „Мислење за употреба на Ивермектин кај пациенти со Ковид-19“, за кое дел од докторите и јавно реагираа дека не е официјален документ по кој тие можат да се водат. Во него, недостасуваат и одговори на дел од прашањата кои се и јавно поставени, како на пример, на која возрасна група смее или не смее да се дава лекот, како се дозира кај повозрасни пациенти (над 65 години), кои се контраиндикациите ако се Ивермектин се користи паралелно со други лекови и други проблематики.

Хасот со лекот настана уште првиот ден, откако Филипче објави дека е пуштен во продажба, матичните останаа без упатство, а пациентите молеа за рецепти.

Би можело да ве интересира

361 нов случај на Ковид-19, направени се 2176 теста, почнаа 14 лица

Катерина Павлова-Николовска

22 нови пациенти во ковид центрите во Скопје

Катерина Павлова-Николовска

Матичните доктори кои не можеа да дискутираат за лекот Ивермектин, ќе гледаат снимка

9985 активни случаи на Ковид-19 во Скопје, 16231 во цела држава

Катерина Павлова-Николовска

403 новозаразени со коронавирус, починале десет лица

Жарко Настоски

Бројот на оздравени ковид пациенти во гевгелиско со растечки тренд

Ана Ололовска