Посмртните останки на Никола Младенов, кој загина во сообраќајна несреќа, ќе бидат изложени утре од 13:30 часот во капелата во Бутел.
Погребот ќе биде во 14:30 часот на Градските гробишта во Бутел.
Претходно, во Младинскиот културен центар во 11 часот ќе се одржи комеморација во чест Младенов.
Редакцијата на „Фокус“ соопшти дека утре излегува вонредно и бесплатно издание на 16 страници посветено на Никола Младенов.