Млада кичевка нападнала полицаец откако дома ѝ нашле марихуана

Од:

26-годишна жителка на Кичево нападнала полицаец кој вршел претрес во нејзиниот дом по наредба на судија, при што биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Љ.М.(26) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“, велат од МВР.

„При претрес извршен во нејзиниот дом на 06.05.2021 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 23 пакувања и една кеса со марихуана. Притоа, таа нападнала полициски службеник“, се додава во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ