Mлад скопјанец си го уби таткото откако со нож го избоде по телото и главата

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело убиство.

„При семејно насилство, на 7 ноември, осомничениот си го убил сопствениот татко, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож по телото и главата. Кога оштетениот се обидел да се одбрани, движејќи се кон ходникот, паднал на подот, а осомничениот продолжил да му нанесува убоди по целото тело додека не починал. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот бидејќи постојат законски основи кои укажуваат дека притворската мерка е неопходна за непречено водење на постапката и за обезбедување на присуството на осомничениот“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он