МКЦК: Бројот на мигранти преку Балканот е зголемен, потребна е помош

Од:

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти денеска дека бројот на мигранти што се движат преку Балканот е во пораст и дека им е потребна основна хуманитарна поддршка.

МКЦК и Црвената полумесечина соопштија дека од почетокот на годината до сега, повеќе од 5.600 мигранти влегле во Европа преку Грција и дошле до БиХ во однос на 754 колку што се регистрирани лани.

Црвенот крст нагласува дека во Црна Гора се регистрирани 557 барања за азил што е најголем број во изминатите пет години.

Регионалниот директор за Европа, Симон Мисири изјави дека на неговата канцеларија за Балкан и е потребна поголема помош за да се справи со зголемениот број мигранти.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод