Мизрахи: Таблата поставена во Министерството е наследена, не постои стара и нова

Од:

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска изјави дека таблата поставена во Министерството е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла.

-Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи денеска во Крушево.

Министерката додаде оти треба да и заблагодари на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, „заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа, според Мизрахи, длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска