Мизрахи повторно ги назначи кадрите на ВМРО-ДПМНЕ за директори на социјалните центри

Од:

Иако Владата ја поништи одлуката, техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, попладневно околу 17 часот повторно ги назначила истите директори на центрите за социјална работа во Валандово, Битола, Гостивар, Радовиш, Пробиштип, Штип и во Прилеп, дознава „А1он“.

Таа без потпис од  дополнителната заменичка – министерка Санела Шкријељ, по електронска пошта испратила допис во кој по вторпат ги разрешува старите в.д. директори поставени од поранешната министерка Мила Царовска и донела одлука за назначување нови.

Станува збор за истите директори за кои претходно пишуваше „А1он“ – па така на пример, Анета Томева, е поставена за директор на Центарот за социјални работи во Штип. Таа е роднина на Соња Тарчуловска, сопругата на Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Анета Томовска со брачниот пар Тарчуловски

За директор на Центарот за социјални работи во Валандово, Мизрахи го именувала Драги Ѓеоргиев, исто така кадар од опозициската партија. Со Центарот за социјални работи во Штип треба да директорува Дејан Здравков, човек за кој од социјалните мрежи може да се види дека е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој го промовираше настапот на поранешниот премиер Никола Груевски пред Државната изборна комисија во 2016, кога беше прогласена „ноќта на долгите ножеви“, а тој објави војна со „соросизацијата“. Со Центарот за социјални работи во Прилеп, според Мизрахи, треба да раководи Зоран Малкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие решенија Мизрахи ги правда со тоа што претходно назначените директори „биле вршители на должност спротивно на тогаш важечкиот член 187 став 2 од  Законот за социјална заштита“.

„СДСМ во недостаток на стручни и компетентни кадри, именувал едни исти несоодветни  в.д директори и по неколку пати иако член 187 став 1 од Законот за социјална заштита не го дозволува тоа“, стоеше во вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое беше најавена тужба против поранешната министерка за труд Мила Царовска за злоупотреба на службата.

Дополнителната заменичка – министерка Шкријељ пред неколку дена изјави дека „Мизрахи преку обидот за разрешување на неколку в.д. директори директно сака да ги партизира Центрите за социјални работи и предизборно да купува гласови за ВМРО-ДПМНЕ од најранливите“.

До кога ќе трае ова разрешување на старите, именување на нови, па повторно враќање на старите директори на шесте социјални центри останува неизвесно, но најверојатно повторно на владина седница ќе бидат поништени овие одлуки на Мизрахи со оглед на тоа што се донесени без врзан потпис од нејзината заменичка.

Би можело да ве интересира

Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници, за останатите пет се очекуваат законските предлог-измени

(ВИДЕО) Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

Катерина Ѓуровски

Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

(ВИДЕО) Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шкриељ: Програма за европска иднина: Бесплатен оброк, бесплатна екскурзија и 6.000 денари за секое прваче