Мизрахи: Кредибилна, непристрасна истрага и одговорност мора да има

Од:

Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, во денешната прес конференција изјави дека моралноата одговорност не се утврдува и не се чека, обраќајќи се на власта.

„Морална одговорност се чувствува, а ниту Венко Филипче, Зоран Заев, Артан Груби или било кој во Владата ја има… Тие не разбираат дека животите на луѓето се многу позначајни од нивните кариери. Животите на луѓето во болницата во Тетово беа и се одговорност на државата и одговорните во здравствениот систем. Тие луѓе требаше да се лекуваат, а не да ги изгубат своите животи како последица на неодговорноста и неспособноста на власта. Истрага мора да има, не заради тоа што власта го сака тоа, туку заради тоа што законски мора. Но истрага која ќе ја раководат Зоран Заев, Венко Филипче и Артан Груби и институциите под нивна директна контрола или влијание, нема да биде ниту објективна, ниту ќе ги даде точните и вистинските одговори. Не може да има кредибилна истрага со веродостоен извештај се додека политичката моќ е сконцентрирана кај истите тројца луѓе кои и се најодговорни за оваа децениска трагедија и скандал која им се случи на луѓето во Тетово.

Венко Филипче, Зоран Заев и Артан Груби, како и директорот на тетовската болница, брат на министерот за финансии Фатмир Бесими, треба да ги напуштат функциите кои ги имаат, за да не ја злоупотребуваат својата политичка моќ во прикривање на вистинските причини кои предизвикаа страшна смрт на нашите луѓе и нашите сограѓани“, вели Мизрахи.

Според неа, СДСМ се крие и бега под плаштот на тагата и жалењето.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски