Мизрахи: Холокаустот да биде потсетник и никогаш повеќе да не бидеме сведоци на такви злосторства

Од:

Министерската за труд и социјална политика Рашела Мизхрахи денеска се придружува во одбележувањето на Меѓународениот ден на сеќавањето на холокаустот 27 Јануари, со пораката: Да не се повтори!

-По повод Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот 27 јануари, ден кој Генералното собрание на Обединетите Нации во 2005 година одлучи да им се посвети на жртвите, односно да им се оддава почит на жртвите на холокаустот, ден кога концентрациониот логор Аушвиц конечно престана да функционира, Министерството за труд и социјална политика се придружува во одбележување на тој ден со пораката: Да не се повтори!, вели во пишаната изјава Мизрахи.

-Како човек и претставник на еврејската заедница во државава, но и како министер сакам да порачам овие настани засекогаш да останат во историјата и да бидат потсетник никогаш повеќе да не бидеме сведоци на такви злочини. Историјата сведочи дека над пет милиони Евреи беа жртви на Третиот Рајх, но и други народи Роми, Словени кои беа жртви на погромот од страна на нацистичкиот режим. Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.200 македонски Евреи. Нека денешниот ден биде потсетник за она што бидува, кога омразата станува лудило, а лудилото епидемија. Никогаш повеќе да не се повтори!, стои во пораката од министерката Мизрахи, соопшти МТСП.

Би можело да ве интересира

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Нетанјаху: Холокаустот никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ

А1он

Путин: Русија е категорички против заборавање на нацистичките злосторства

Делегација на ОАЕ за прв пат ќе се приклучи на маршот на Холокаустот во Полска

А1он

Комеморација по повод 77-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау

А1он