Мизрахи досега не пријавила во МВР, иако тврдеше дека и е украден профилот и друг продава трудови на студенти

Од:

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, никогаш не ја пријавила наводната злоупотреба на нејзините лични податоци и фотографија, иако додека беше техничка министерка за труд и социјална политика, тврдеше дека профилот на мрежата „Апворк“ преку која се нуди изработка магистерски и докторски трудови за пари не е нејзин и ќе поднесе пријава во полицијата. Единствено сменето од пред скоро девет месеци е што сега профилот е ставен како „приватен“ и не може да се најде преку пребарувачите, а може да се пристапи само со линк.

„Во врска со Вашето барање, Ве известуваме дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика нема примено таква пријава“, велат од МВР за „А1он“ на прашањето дали Мизрахи пријавила лажен профил со нејзините податоци на „Апворк“.

За разлика од претходно кога на профилот беше прибележано: „Отворено за понуди“, сега, нема можност да се нарача изработка на дисертација или авторски труд, чии најчести купувачи се студентите за да го заокружат процесот на студирање. Од профилот е тргната и биографијата на Мизрахи, која кандидатката за пратеничка не оспори дека е точна и нејзина.

Претходно, кога Мизрахи негираше дека е сопственик на профилот, не одговори на прашања од „А1он“ за тоа колку е морално создавањето лажна перцепција, односно да се продолжи праксата со пари да се добива диплома, но и дали за неа е спорна изработка на вакви трудови, кои студентите ги прикажуваат како свои.

На профилот беа оставени и цени за изработка на проектите, па, така, за пишување блог-артикл се плаќаше од 4.500 долари, за академско пишување и истражување цените почнуваа од 700 долари, а за ставката „пишување“ бараше од 1.000 долари па нагоре. Сега, единствено пишува дека цена за саат работење е 100 долари.

Би можело да ве интересира

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Обвинителството

(ВИДЕО) Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

Горан Наумовски

Мизрахи: Првата седница на Анкетната комисија за Оонкологија закажана за утре

Рашела Мизрахи предложена за претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Горан Наумовски

Кузеска: Кој е ставот на Мизрахи по признанието на Мицкоски за континутитет со Ванчо Михајлов

ВМРО ДПМНЕ бара анкетна комисија која ќе ги утврди фактите и политичката одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница

А1он