Митрев: Ќе го разрешам деканот ако доцентите ги исполнуваат условите, во спротивно тие да се повлечат

Од:

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип Саша Митрев денеска преку соопштение до медиумите најави дека ќе го разреши деканот на Економскиот факултет доколку тројцата доценти кои штрајкуваат ги исполниле условите, а не биле избрани за вонредни професори, и воедно побара да се повлечат доколку тие услови не ги исполнуваат.

– За да се избегнат какви било манипулации со јавноста, за да се избегне ситуација на маченици и репресивна управа на Универзитет, ги повикувам доцентите-штрајкувачи да одредат тројца редовни професори од групата од наставници која сака да се вклучи во штрајкот или кои било други наставници кои штрајкувачите ќе ги одредат, заедно со еден правник и еден редовен професор од УГД и еден претставник од МОН, да направат точна и недвосмислена евалуација на сегашните рецензии на тројцата наставници и нека излезат со извештај до јавноста дали сегашните рецензии на овие наставници ги задоволуваат нормите за избор на вонредни професори кои се предвидени во Законот за високо образование. На мислење сум дека само вистината може да биде решение на овој создаден проблем, вели ректорот Митрев во писмената изјава во медиумите.

Во неа Митрев посочува на условите потребни за избор за вонреден професор. За да биде избрано лицето за вонреден професор треба да има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, објавени најмалку пет научно-истражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации, или пак три научни труда во научно списание со импакт фактор во последните пет години, да има учествувано во научно-истражувачки проекти, односно значајни достигнувања во примената на научно-истражувачките резултати, да има дадено придонес во оспособувањето на помлади наставници и да покажало способност за изведување разни видови високообразовна дејност, како и да има позитивна оценка од самоевалуацијата.

– Ако сегашните доценти ги исполнуваат горенаведените услови за избор во вонредни професори, јас како ректор јавно ќе се извинам за направените грешки во името на Економскиот факултет при УГД и ќе го разрешам деканот на Економскиот факултет поради грешки во водењето на постапката за избор. Ако пак сегашните доценти не ги исполнуваат горенаведените услови согласно законот, само нека се повлечат од сегашната претстава за да го задржат достоинството, дигнитетот и угледот на УГД, на другите универзитети и на целото високо образование во Република Македонија, вели Митрев.

Штрајкувачите бараа реакција од Владата и МОН, но тие, според Уставот, не можат да бидат страна вклучена во случајот поради автономијата на Универзитетот. Поради тоа Универзитетот проблемот треба да го реши самостојно, во договор на двете засегнати страни од кои една се доцентите што штрајкуваат, а друга менаџментот и ректоратот на Универзитетот.

Единствена државна институција која била надлежна да преземе мерки е Државниот просветен инспекторат, кој по претставка на доцентите кои се во штрајк со глад направил увид и издал решение со кое се бара Ректоратот да ја повтори постапката, да ги провери фактите, документите, нешто што ректорската управа го прифатила и треба да го заврши до 15 август.

Доцентите го продолжија штрајкот и покрај тоа што Ректоратот го прифатил решението на Државниот просветен инспекторат да се направи ревизија на постапката, што од таму го толкуваат како притисок решението да биде во нивна полза без разлика на правните факти, документите и сите останати материјали, рецензии… или пак обид за политизација на случајот со вмешување на државата, Владата, МОН во случај со Универзитет кој има автономија и врз чии одлуки не може да се влијае. На штрајкувачите поддршка им даде и СОНК, од каде беше најавен и штрајк на други професори во знак на солидарност, што досега не било случај во други поделикатни ситуации во образованието.

Штрајкот со глад според досегашните искуства во земјава и во други земји е последна можност во случај кога другите се исцрпени, што сега не е случај бидејќи е предложена ревизија на постапката, а дополнително и ректорот Митрев даде предлог за разрешување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово