Митрески: Само дијалогот гради мостови

Од:

Само дијалогот гради мостови и на тој начин може да се дојде до одржливи решенија, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески по започнувањето на третиот дијалог во рамки на процесот Жан Моне што се одржува во Собранието.

Мора да го почитуваме Уставот и уставното име без разлика дали некои пратеници гласале или не затоа што тоа е факт, затоа што ние под новото уставно име ќе го ратификуваме Протоколот за членство во НАТО и под тоа име ќе станеме 30-та членка на НАТО и под тоа име ќе ја исправат големата неправда која и беше нанесена на нашата држава односно ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, изјави Митрески.

Според него, известувачот за земјава во ЕП Илхан Ќучук во воведното обраќање на состанокот кажал дека „покрај сите премрежија, на кој начин почна овој собраниски состав дека станавме пример во регинот којшто треба да се следи во смисла на функционирањето на Собранието“.

Третиот дијалог во рамки на „Жан Моне“ процесот ќе заврши утре со прес-конференција на тројцата европратеници Илхан Ќучук, постојан известител за земјава во ЕП, Андреас Шидер, претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, како и Марион Валсман, потпретседател на Делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Српскиот парламент затворен од безбедносни причини

Вучиќ: Денес е тежок ден за Србија, за секој нормален граѓанин на оваа земја

Горан Наумовски

Обвинител нареди истрага за сите вмешани во инцидентите во српското Собрание

Србија: Прво димните бомби помрачија се, сега пратениците побелеа од противпожарните апарати

(ВИДЕО) Јовановиќ нападна бремена пратеничка: Лекарите се борат за животот на бебето

Митрески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ покажаа дека се против решавање на статусот на бранителите

А1он