Жалам што синдикалната борба и борбата за работнички права поради лични интереси на некои поединци се сведе на лична пресметка со мене, но морам да одговорам на обвинувањата кои претставниците на ССМ ги упатија кон мене рече на прес конференција в.д директорто на ЈП „Водовд и канализација“ Марјанчо Митовски.
Тој вели дека документот кој денеска го покажа ССМ е доказ во судска постапка за мобинг и неговто обелоденување преставува кривично дело.
Сакам да обранам внимание на уште една информација која претставниците на ССМ сметаа дека е важна да ја објават.Лекарскиот записник кој денес Дарко Димовски сметаше дека е неопходно да го објави е доказ во судска постапка во која јас тужев за мобинг врз мене. Сакам да го информирам господинот Дарко Димовски дека со објава на докази дадени во судска постапка кои не се анонимизирани односно кои содржат лични податоци на инволвираните страни, Димовски изврши кривично дело по член 149 злоупотреба на лични податоци од Кривичниот законик на Република Македонија вели Митовски.
Мотивски рече дека до него досега нема пристигнао пријави за мобинг. А прераспределувањата во фирмата го објасни со потребите на претпријатието.
– Што се однесува до наводните пресметки, распоредувања и откази веднаш сакам да потенцирам дека до овој момент ниту еден редовно вработен во ЈП Водовод и канализација не е избркан од работа. Точно е дека има хоризонтални поместувања кои не се со решенија односно не се трајни, туку се времени задолженија поради реални потреби на претпријатието. Ниту се скратени платите на овие 10тина времено прераспределени, ниту се намалени бодови за плата, ниту пак се деградирани на било каков начин. Она што е точно е дека од нив се бара единствено да работат и да си ги извршуваат своите работни задачи за кои се платени рече Митовски.
Во врска со наводно бркање на десетици лица од водовод, кои мојот претходник ги ангажирал преку агенција за времени вработувања на кои по завршување на потребата за нивен ангажман истиот не беше продолжен бидејќи претпријатието нема потреба од нивните услуги рече директорот на „водовод“.
Тој потенцираше дека не е точно дека се водат 40 дисциплнски постапки против вработени во претпријатието туку дека постојат неколку дисциплински постапи поради како што рече тешки повреди на работното место кои биле констатирани од внатрешната ревизија.
Претходно денеска СУТКОЗ и ССМ ја повикаа градоначалничката Арсовска да ги сослуша нивните аргументи против директорот митовски и објавија документ, специјалистички извештај според кој тој има дијагноза мешано, анксиозно и депресивно растројство. Дополнително е наведено во извештајот дека има конфликтна состојба на работа, напнат, вознемирен со лоши мисли, рекоа од СУТКОЗ и ССМ.