Митевски: Нови проекти за водонсабдителни системи за четири села во М. Каменица

Од:

Кандидатот за градоначалник на М. Каменица од ВМРО ДПМНЕ и актуелен градоначалник на оваа општина, Дарко Митевски, од село Луковица најави нови проекти за водонсабдителни системи за четири села во Општината.

-Од овде промовираме два нови проекти кои се содржат во програмата на ВМРО ДПМНЕ и се однесуваат за четири села во општината. Односно водоснабидтелни системи за село Луковица и Тодоровци и нов водоснабидтелен систем за Моштица и Моштица 1. Општтина Македонска Каменица веќе подготви техничка и проектна документација за изградба на нови водоснабдителни системи за селата . Со реалзицијата на овие проекти ќе се подобри кавалитетот на водата и ќе се обезбеди континуирана контрола на водата за пиење во овие рурални средини, истакна Митевски.

Тој ги повика граѓаните на 15 октомври да изберат работа и само работа за да се подобри квалитетот на животот во Општина М. Каменица.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски