Митевски: Нови инфраструктурн проекти за селата Моштица и Моштица 1

Од:

Нови патишта и нова водводна мрежа во селата Моштица и Моштица 1 најави денеска кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица од ВМРО- ДПМНЕ, Дарко Митевски.

– Во програмата имаме неколку капитални инфраструктурни проекти во каменичките села Моштица и Моштица 1. Продолжуваме со инфраструктурните проекти и ветувам дека нема да остане ниту една куќа до која нема да има асфалтен пат за период од една година кој е пред нас, бидејќи овој проект е веќе започнат, рече Митевски.

Најави и целосна водводна мрежа за Моштица 1 и Моштица.

– Имаме подготвено проектна документација и ќе направиме нова водоводна мрежа која ќе биде контролирана од Јавното претпријатие. Ќе ја реконструираме старата училишна зграда во селото Моштица, нова веќе имаме изградено, а старата ќе ја преадаптираме во повеќенаменски простор што ќе го користат жителите овие селски средини, истакна Митевски.

Тој додаде дека ќе се асфалтира патот до Гребенот и ќе се изгради патот до Талевско Маало, како и улици во населбата Павлиш Дол.

– Исто така, ќе направиме нова канализациска и водоводна мрежа за Павлиш Дол, посочи Митевски.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината