Митева: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на наставниците, Владата итно да најде решение

Од:

Во целост ја поддржуваме истрајноста на СОНК и во целост ја разбираме секоја одлука која тие ќе донесат, а е во насока на унапредување на статусот на образовниот кадар. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува легитимните барања на наставниците и просветниот кадар рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

-Власта залудно ги користи механизмите на уцени и притисоци, штрајкот на СОНК беше најавуван два месеци пред да се случи. Владата доколку вистински сакаше да најде решение за барањата на просветниот кадар тоа можеше да го направи уште пред почетокот на штрајкот. Така немаше да има прекин во образовниот процес и немаше да биде на штета на децата. Доколку владата навистина сакаше образованието да биде организиран и постојан процес на унапредување, немаше да го претвори во ресор на експерименти. Машинеријата на СДСМ и ДУИ ги активираше сите можни ресурси во обид да го прекинат штрајкот. Изјавите на поединци од Владата се во спротивност со законите во Македонија. Имено, Владата треба да биде свесна дека штрајкот е уставно право на работниците. Министерот Шаќири и Владата во овој момент продолжуваат да бидат најголемиот прекршувач на правата на работниците и наместо да упатуваат закани кон наставниот кадар, треба да упатат решение и да ги поддржат нивните барања. Во овој случај, не станува збор за барање за зголемување на правата, туку правата на наставниците се тотално прекршени рече Митева.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски