Митева: Власта да престане со закани кон пратеници и да се соочи со реалноста дека крајот е неизбежен

Од:

Владата на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ е позната по своето недемократско однесување, по својата подмитливост, притисоци и политички хајки. Методите на закани се употребуваат на секое ниво рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Прво кон медиумите што го видовме сите на дело пред само неколку дена, а еве деновиве и врз нивните членови кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Јасна е нивната цел, сакаат преку ваквите методи по секоја цена да ја задржат моќта и власта, но и да ја покријат корупцијата чиј што лидери се токму тие, СДСМ и ДУИ. И ова што го прави власта е само одложување на неславниот крај на Владата кој ќе се случи порано или подоцна, или вистинското прашање не е дали, туку прашањето е кога оваа влада ќе падне рече Митева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО