Митева: СДС и ДУИ пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал

Од:

СДС и ДУИ Пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал. Од опозиција се загрижени, од власт недопирливи – вака некако ја замислуваат политиката СДС и ДУИ кои ја ограбија државата и 7 години не помислуваа на народот додека се богатеа, вели портпаролката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Али Ахмети денес повикува на меѓународен ветинг затоа што мисли дека така ќе се заштити себе и останатите кои недвосмислено влегуваа во милионски бизниси со 0 денари влог. Каде беа СДС и ДУИ 7 години да побараат меѓународен ветинг или тогаш милионските тендерите во РЕК, МЕПСО и ЕСМ беа приоритет? Каде беа СДС и ДУИ да зборуваат за ветинг кога милионски суми се трошеа на набавки на рент а кар возила за два дена? Каде беа СДС и ДУИ кога фирмите блиски до нив го зголемуваа имотот со фотоволтаични централи? Зошто Ахмети и Филипче не побараа меѓународен ветинг за фирмата за надзор на патиштата и модуларните болници? Ова се прашањата на кои СДС и ДУИ треба да одговорат, како се прави империја за 7 години власт, а нивниот денешен пристап е обид за политичка амнестија за сторениот криминал. Вистинската желба на СДС и ДУИ не е ветингот туку желба за спас од одговорност. Ниеден обид за дестабилизација на демократијата нема да успее, затоа и СДС треба да излезе од скутот на ДУИ и да знаат дека доаѓа време за одговори и одговорност, рече на прес конференција Митева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?