Митева: СДС да не ги манипулира скопјани, да кажат дали изведувачот на Универзална е фирма блиска до нивниот врв и дали затоа нема одговорност за пожарот

Од:

Изгоре Универзална сала и како и за се до сега виновен е друг, можеби повторно виновен е кабелот, само не власта. Нема одговорност за Ковачевски и Бисера Костадиновска. Нема ниту извинување до граѓаните. Министерство за култура на чело со Бисера Костадиновска со години ја лаже јавноста за објектот на Универзална сала. Ветуваа дека ќе ја реконструираат, а објектот стои како руина седум години вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Најалармантно е што СДС наместо да одговори на суштинските прашања крева прашина мислејќи дека ќе ги покрие трагите. Ковачевски и Бисера Костадиновска мора да одговорат на следниве три прашања:

1. Која фирма е изведувач на градежните активности и дали истата е блиска со врвот на СДС?

2. Какви материјали се вградени во Универзална сала и дали тие се согласно сите стандарди? Или е ист примерот како со Тетовската модуларна болница?

3. Кој е надзор на градбата и дали тој утврдил недостатоци, дали ги нотирал или одобрил се што до сега е правено?

Одговори мора да има, но и одговорност. Тоа што мислат дека ги манипулираат скопјани ќе ги освести на претстојните избори, промените се во рацете на народот. Македонија повторно на граѓаните, рече Митева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара