Митева: Осуда за автократскиот однос на Ковачевски кон медиумите

Од:

Срамен, недоличен и дрзок е односот кој власта го применува кон медиумите. Слугата на Али Ахмети, Димитар Ковачевски несоодветно и на автократски начин етикетираше медиуми само затоа што професионално и во интерес на јавноста информираат за реалните состојби во кои се наоѓа Македонија рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Медиумите кои критички ги опсервираат политичките, економските и општествените состојби во земјата им пречат на власта. СДСМ докажа дека не ја почитуваат слободата на говорот, како дел од фундаменталните човекови права. Македонија е на дното по многу основи, но кога власта со ваков однос се обидува да нападне новинарство и медиуми е последната фаза на тотална автократија. Ковачевски не треба да има мислење за уредувачката политика за медиумите, напротив негова должност е да има сопствено мислење за скандалите на власта, за криминалиите, како и за катастрофалната состојба во која се наоѓа Македонија. Но, Ковачевски и Ахмети исплашени од поразот кој ги чека на следните избори ја користат и последната алатка за дискредитирање на медиумите чија цел е заплашување и замолчување на јавноста вели Митева.

ВМРО-ДПМНЕ бара портпаролите на Владата и на СДСМ да се оградат од ставивите на премиерот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина