Митева: Нови набавки во МОН за дигитални учебници без објавени наставни програми

Од:

Цели пет години ДУИ и СДС не успеваат да обезбедат учебници по странски јазици во основното образование. Но, откако набрзина ги променија сите програми за сите странски јазици, за сите одделенија во основното образование, ја поништија и последната набавка. Иако истата беше распишана уште во мај 2023 година, истата дури сега ја поништија, со образложение дека немале предвидено средства за таа намена. Замислете, пет години не можат да предвидат средства за нешто што е законска обврска вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Но, затоа можеа да предвидат милионски суми за нови дигитални учебници. Да ја потсетиме јавноста за онаа набавка од 500.000 евра за дигитални учебници, кои никој не ги користеше. Сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Иако првиот пат беа изработени дигитални учебници за 4-то одделение, со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, повторно за 4-то одделение. Знаејќи дека наскоро ќе бидат опозиција, ДУИ и СДС решаваат да направат уште една јавна набавка, повторно за дигитални учебници, но овој пат за непостоечки учебници. Иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак тоа не ги спречува да предвидат милионски суми за дигитални верзии на непостоечките учебници. Сето тоа е предвидено во јавна набавка не за една, туку за наредните три години. МОН треба да одговори дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или овој пат тоа планираат да го сторат со исто така друга добро позната фирма на која своевремено и доделија фантастични пет милиони евра за превод на учебници, рече Митева.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски