Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот

Од:

Неодговорното однесување на директорот на Катастар ја загрозува правната сигурност и во голема мера го попречува нормалното функционирање на платниот промет рече на прес конфренција портпаролкатан а ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Денес, пет години по раководењето со Катастарот од страна на СДСМ наместо да имаме нови подобрени и понапредни системи, за жал сведоци сме дека и постојните не се одржуваат. Па така, електронскиот катастар со денови во месецот не работи, исто така и електронскиот шалтер од кој се добиваат празни фајлови, ДМС системот за електронско внатрешно работење не функционира, Мак едит системот по пропаднатите тендери за негови надградби практично не работи и Геодетските фирми имаат сериозни проблеми при изготвување на геодетските елаборати, Дигитализацијата на катастарот е комплетно застаната, така што ако од 2013 до 2017 се дигитализира 97% од територијата на Државата, неспособноста е толку голема што за 5 години не може да се завршат преостанатите 3 % од катастарските планови рече Митева.

Таа вели дека Владата наместо да го разреши директорот дозволила покажување на цените за некои производи и преку 50 порценти.

– Па така, после денешниот брифинг на директорот на кој беа изнесени голем број на невистини во прилог доставуваме табели со споредба на цените на услугите во 2017 година со цените кои ги имаме денес по покачувањето. Имено, споредбата е направена на два основи, и за податоци кои се однесуваат за уписи во катастар и вториот принцип, кој се однесува на купување на податоци од катастарот. Ова се вистинските податоци кои директорот денес не ги соопшти на јавноста со да го оправда овој потег. Факт е дека Катастарот е уште една институција која СДСМ ја наследи со одличен систем на функционирање, а после само 5 години истата ја донесе на раб на банкрот рече Митева.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ