Митева: Изјавите на Макрон и Шарл Мишел се потврда дека нема никакви гаранции, дури и ако Македонија ги направи отстапките

Од:

Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги испопни, изјави марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на францускиот претседател Макрон дека ЕУ прво треба да се рефомира, па да прима нови членки со различни брзини.

Во однос на изјавата на Шарл Мишел за проширување на ЕУ во 2030 година, Митева на новинарско прашање одговори дека од друга страна ја имаме изјавата на Макрон што потврда за немањето на гаранции и дека власта сама на себе прифати обврски кои не може да ги исполни.

– Од една страна ја имаме оваа изјава, а од друга страна имаме изјава од Макрон кој вели дека ЕУ прво треба да се реформира па потоа да прима нови членки. Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги исполни, истакна Митева.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус