Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Од:

Владата носи одлука врз основа на веќе постоечки попис од 2021 година, направен во време кога во влада беа СДСМ и ДУИ. Токму политичката партија сега оспорува резултати за кои во минатото велеше дека се навистина соодветни и дека ја одразуваат реалната слика. Ние мораме да носиме одлуки врз основа на параметрите што ги имаме и цениме дека како Влада сме постапиле онака како што треба, рече денеска владината портпаролка Марија Митева, одговорајќи на новинарско прашање во врска со барањето на ДУИ Владата да ја промени одлуката со која кон крајот на минатата година се извршила корекција на бројот на советници во општинските совети кога се примениле резултатите од пописот на населението во 2021 година според резидентното население.

Според Митева, ДУИ е единствената политичка партија која додека е на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго за она што го направила во минатото.

Портпаролката е децидна дека треба да се почека мислењето од Венецијанската комисија за Законот за соодветна и правична застапеност. Прашана што ако ДУИ побара да се применува бројот на вкупното население, порача да не се зборува за хипотетички состојби.

– Дали тогаш тоа можеби би било барање на ДУИ, дали тогаш Владата би постапила на еден или на друг начин. Да видиме какво ќе биде мислењето од Венецијанската комисија и кои ќе бидат сите состојби, дали ќе треба воопшто да се променат или можеби ќе биде соодветно решение кое е предложено од Владата, истакна Митева.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај