(ВИДЕО) Мисовски: Груевски ве пушти сите низ вода

Од:

Емотивни говори, дофрлувања и обвинувања ja одбележуваат распрвата за имунитетот на Трајко Вељаноски во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Груевски ве пушти низ вода сите, рече пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, по обраќањето на Вељаноски на седницата на која се расправа за имнуинтетот на поранешниот претседатл на Собранието.

„Ние немаме право да цениме обвинителен акт, тоа е право на судот, но ВМРО-ДПМНЕ така владееше десет години“, рече Мисовски.

Тој додаде дека целиот напад на 27 април 2017 година бил органзиран во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, додека раскажуваше за настаните од крвавиот четврток.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со барања Богоевски да го прекине Мисовски бидејќи зборува процедурално.

Пратеникот на НСДП во меѓувреме го потсети Вељаноски не само на 27 април туку и на црниот понеделник кога беа исфрлени пратеници и новонари.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија