Мисовски: Граѓаните нема да ја пропуштат оваа историска можност

Од:

Убеден сум дека граѓаните нема да ја пропуштат оваа историска можност Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО и на Европската унија. Денес на 30 септември Република Македонија има шанса да стане 30-та членка на НАТО, изјави потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски откако гласаше на референдумот на гласачко место во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје.

Посочи дека го искористил своето право кое му го дава Уставот да гласа на референдумот за европска Македонија.

– Убеден сум дека граѓаните на Република Македонија преку позитивната кампања која ја водевме последните 20 дена ги препознаат придобивките кои ќе ги имаме со влезот во НАТО и ЕУ, а тоа се многу повеќе средства за инфраструктурни објекти, за земјоделството, за образованието, повисоки плати, поголема заработувачка за фирмите кои ќе инвестираат во Република Македонија, додаде Мисовски.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска