А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Мишел: Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се одржи преку видео-конференција

by А1он15/04/2020 - 13:24187
Share0

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, на денешната прес-конференција во Брисел информираше дека Самитот ЕУ-Западен Балкан кој требаше да се одржи во мај не се откажува, јави дописничката на МИА од Брисел.

Следете a1on на Instagram Instagram

.-Планираме во наредните недели да го одржиме самитот во форма на видео-конференција, по консултации со хрватското претседателство, за да и дадеме поттик на соработката со регионот, изјави Мишел.

Мишел истакна нема никаков проблем што се одложија парламентарните избори во Северна Македонија поради пандемијата, но испрати порака до владите во регионот дека здравствената криза не смее да ги забави или запре реформските напори потребни за членство во ЕУ.

Претседателот на Европскиот Совет објасни дека одложувањето на закажани изборни циклуси во Северна Македонија или било каде на друго место е оправдана одлука со оглед на санитарните ризици.

Следете a1on на Youtube YouTube

Запрашан за строгите мерки за полициски час и карантин во повеќе земји од регионот, кој се предмет на критика од страна на граѓанското општество, претседателот на Европскиот совет не даде директен одговор, но потсети дека правилата на ЕУ за владеење на правото продолжуваат да важат и додека трае кризата, посебно за Северна Македонија и Албанија кои треба наскоро да ги започнат преговорите за членство во ЕУ.

-Силната, јасна и недвосмислена политичка порака што ја испраќаме е нашата преокупација со владеењето на правото и почитувањето на принципот на слободите, тоа е важен дел од нашето дејство во овој регион, изјави Мишел додавајќи дека ЕУ се ангажира и да му помогне економски на регионот да ја надмине оваа криза.

Претседателот на Европскиот совет рече дека неодамна разговарал и со македонскиот претседател, Стево Пендаровски, околу одлуката за одложување на изборите и смета дека со оглед на поддршката од сите политички партии за ова одложување, тоа не претставува никаков демократски проблем.

eu

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео