Мицкоски: Време е граѓаните со нивниот глас да го поразат Заев

Од:

На 21 април граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот, истакна Мицкоски при посетата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на Охрид каде што ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата.

Милиметри ни требаат, водевме на претседателските избори, и многу блиску сме да имаме градоначалник во Охрид. Милиметри ни фалат. Милиметри се во прашање потребен е оној последниот и конечен удар. Деспотот е на колена и сите со него се на колена, нагласи Мицкоски пред граѓаните во Охрид, рече Мицкоски.

Тој пред толпа народот потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ само ги победи и тоа со голема разлика, што треба да биде дополнителна мотивација и за вториот круг, да се докаже дека правдината веќе е на портите, а заевизмот си заминува.

Денес во Охрид, одев од куќа на куќа, и разговарав со луѓето и ги замолив да ни дадат поддршка, додаде Мицкоски.

Време е граѓаните со нивниот глас да го поразат Заев, но и неговата копија наречена Стево Пендаровски. Граѓаните да стават крај на заевизмот, и на 5-ти мај да гласаат за право и правдина, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената