Мисајловски: Ве замолувам да разговарате со секој пријател, комшија, сосед да го замолите да ни ја даде довербата

Од:

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 денеска го посети Ѓорче Петров од каде што порача да се обединат сите и да ја донесат најголемата победа за обнова на Македонија.

-Јас го гледам победничко Ѓорче Петров и не само да го кажам како фраза туку се гордеам со ова што го направивме што го правите и што допрва да направиме. А тоа е да ја водиме државата а наскоро и да ја водиме општината. Со гордост можам да кажам дека ја имавме најдобрата најпозитивна кампања и најубавата кампања што било кој носител ја имал во Република Македонија. а за тоа сте заслужни сите вие, истакна Мисајловски

Мисајловски ги замоли присутните граѓани да ги посетат своите пријатели и да ги замолат да им ја дадат поддршката.

-В среда се гласа, а јас како и на митингот ќе ве замолам сите вас да разговарате со секој еден пријател со секој еден комшија сосед со секој што го познавате да го замолете да ни ја даде довербата затоа што после 15 може да биде доцна. После 15 јули некој можеби сака да ја раздели Македонија после 15 можеби некој сака македонскиот јазик да не биде македонски јазик после 15 можеби некој сака Гоце Делчев да не биде Македонец, нагласи Мисајловски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис