Мисајловски: Одбивањето на оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал и дека не чуствуваат одговорност

Од:

Оставката секогаш билa и ќе биде чин на одговорност. Одбивањето на оставки во владата после еден таков трагичен настан како во Тетово само значи две работи: Оваа влада нема морал, и оваа влада не чувствува одговорност рече на прес конференција потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„ВМРО-ДПМНЕ не бара одговорност од владата поради политичка малициозност или затоа што има лични мотиви против Заев или Венко Филипче туку поради тоа што се неспособни, но и поради објективна истрага која мора да ја има. Тоа што премиерот Заев го штити министерот Филипче значи дека и Заев треба да си поднесе оставка поради негово активно учество во несмасниот обид да се одговорат прашањата кои ја мачат целата јавност.Затоа прашуваме: Кој е виновен што сме земја со највисока смртност во Европа од КОВИД? Кој е виновен што нема нови протоколи за лечење од КОВИД? Кој е виновен што нема персонал во болниците, и роднини одат да се грижат за пациентите? Кој е виновен што немаше вакцини и сеуште не оди добро процесот на вакцинација? Кој е виновен што народот нема доверба во системот и во вакцинирањето? Кој е виновен што немало технички прием на модуларната во Тетово? Кој е виновен што немало ПП апарати? Кој е виновен што е направена со ПУР пена и никој не водел сметка дали истата е запалива? Кој е виновен што не се дозна кој ги исекол цевките за довод на кислород во модуларната болница во Тетово на почетокот? Кој е виновен што се плаќало по 1000 денари од роднини на пациенти на сестри, доктори болничари да водат грижа за пациентите, и дали е тоа нормално? Кој е виновен што дополнително надвор од тендерска постапка се поврзувале кислородните цевки“ – рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски