(ИНТЕРВЈУ) Мирослав Лабудовиќ: Целосна реконструкција на улиците во Центар за ослободување на просторот од хаосот

Од:

Мирослав Лабудовиќ, кандидатот на партијата ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар, во интервјуто за А1 он вели дека „Генералниот урбанистички план е мајката на сите планови“, затоа што токму од него произлегуваат редот, логиката и функционалноста на градот. Тој е искусен електроинженер со повеќе од петнаесет години искуство во управување со инженерски и инфраструктурни проекти, а моментално е заменик министер за енергетика.

Лабудовиќ најавува целосна реконструкција на сообраќајниците во Центар со цел да се ослободи јавниот простор од хаосот, непрописното паркирање и дивоградбите. Еден од неговите приоритети е воспоставување безбедносни рути за движење на учениците, со јасно обележани пешачки зони и осветлени патеки до училиштата. Тој вели дека Општина Центар мора повторно да стане место во кое човекот, а не профитот, е во фокусот: „Центар за луѓето, не за инвеститорите.“

Лабудовиќ ја смета ревизијата на Генералниот урбанистички план како прв чекор кон воспоставување контрола врз урбаната анархија. „ГУП е мајката на сите планови, ако таму има ред, ќе има ред и на секое градилиште,“ вели тој. Планира дигитализација на сите урбанистички процеси, јавен увид во дозволите и автоматска инспекциска контрола што ќе го исклучи човечкиот фактор од коруптивни одлуки.

„Нашите улици не се тесни – тие се погрешно организирани,“ нагласува Лабудовиќ. Тој го посочува примерот со улицата Орце Николов, која по реконструкцијата е конечно простор што дише и е функционален за потребите на граќаните. Неговиот план предвидува реконструкција на клучните сообраќајници, редизајн на паркинг-зоните и воведување паметни решенија за мобилност, со што ќе се ослободи простор за пешаци, велосипеди и зеленило. Целта е Центар да стане проточен, безбеден и функционален град.

Лабудовиќ потенцира дека безбедноста на децата е врвен приоритет. Тој најавува воспоставување безбедносни рути за движење на учениците, обележани пешачки зони и модерно осветлување околу училиштата. Дополнително, ќе спроведе ревизија на електричните и хигиенските стандарди, како и воведување енергетска ефикасност во јавните објекти. „Училиштата мора да бидат пример за ред, чистота и сигурност,“ додава тој.

„Јас не ветувам спектакуларни гестови, ветувам систем, а системот е она што му недостига на Центар,“ заклучува Лабудовиќ, уверувајќи дека инженерскиот пристап е патот до функционална и современа општина.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген