Мирен протест на овчеполските земјоделци

Од:

Земјоделците од светниколскиот регион денеска мирно протестираа и организирани од страна на здружението „Овчеполски фармер“ побараа Владата под итно да преземе мерки со цел да се ублажат последиците, но и да им се помогне во санирање на штетите што ги претрпеле од сушата.

Љупчо Атанасов од Здружението „Овчеполски фармер“ – Свети Николе вели дека годинава земјоделците ја имале најлошата година, поради сушата имаат многу ниски приноси на пченицата и јачменот, и големи штети на останатите земјоделски култури.

– Бараме целосна исплата на субвенциите за 2016 година, потоа да бидеме ослободени за плаќање на концесијата за земјоделско земјиште, поради елементарната непогода, државата да интервенира и под итно да ни помогне во ветените мерки за финансиката помош за житарицата, 9.000 денари по хектар и за откуп на јагне 50 денари по килограм, вели Атанасов.

Тие побараа овие барања веднаш да бидат реализирани, во спротивно по 21 јули ќе организираат блокада на патиштата со својата земјоделска механизација.

Земјоделците се пожалија дека им се зголемуваат и трошоците за сметководство. Пред еден месец плаќале 1.000 денари, а сега овие услуги, како што рекоа ги чинат 13 проценти од нивната нето добивка од една сезона.

Би можело да ве интересира

Невремето направи штети во светиниколско

Катерина Ѓуровски

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци