Пратеничката Мира Стојчевска, позната по аферата со непотизмот, наместо одговорност, наградно со првиот парламентарец е на службено патување во Швајцарската конфедерација.
Иако се правдаше дека немала никакво влијание, сепак, нејзиниот син, без исполнување на критериумите, на што посочи и Антикорупциска, беше вработен во ЕЛЕМ. По барањето на Заев, Стојчевски си замина од работа. Освен синот, беше вработен и нејзиниот брат и унапреден сопругот.
Многу негативни реакции за пратеничката имаше по нејзиното тврдење дека покачувањето на акцизата нема да ги погоди сиромашните.
„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, рече тогаш Мира Стојчевска од СДСМ.
Нејзиниот син Виктор Стојчевки, на социјалните мрежи излезе со тешки навреди за граѓаните за кои затоа што излегле на протест напиша дека се кои хибернирани кретени , а народот дека е „излеана фекална канализација“.
Стојчевска се „прослави“ и по високите патни трошоци, таа само за девет месеци во 2018 година си наплати 11.736 евра.
И после сите афери, таа не се појави во јавноста да даде изјава, а може да се види единствено на фотографии од седници и од официјални делегации.