МИОА ќе обезбедува викенд дозволи за здруженија за заштита на правата на животните

Од:

Активистите за бездомни животни, кои се дел од регистирани здруженија, ќе добиваат дозвола два часа дневно во услови на ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд да можат да ги нахранат и да се грижат за бездомните животни, одлучи денеска Кризниот штаб, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

– За таа цел, секое регистрирано друштво за заштита на правата на животните, потребно е до 16 април, најдоцна до 12.00 часот, до Град Скопје, а за здруженија регистрирани во другите градови до општинскиот кризен штаб, да достави пополнет образец, за најмногу пет членови од здружението, стои во соопштението.

Сите пристигнати обрасци, Град Скопје и општинските кризни штабови ќе ги доставуваат до Министерството за информатичко општество и администрација, од каде барањата за дозвола ќе бидат испроцесирани, и дозволите ќе бидат испратени на маил адресата на секој барател посебно.

Дозволите ќе бидат со важност за 18, 19 и 20 април.

Постапката ќе се повторува за секој нареден викенд се додека трае вонредната состојба, што значи дека секој нареден петок до 12.00 часот, здруженијата за заштита на правата на животните ќе треба да достават пополнет образец до Град Скопје или до општинските кризни штабови, стои во сооптението од МИОА.

Би можело да ве интересира

Владата почна постапка за набавка на 200.000 кинески вакцини против Ковид-19

Жарко Настоски

22 медицински лица меѓу кои и директорката заболени од Ковид-19 на Клиниката за нефрологија

Катерина Павлова-Николовска

Британскиот сој на вирусот пронајден и во земјава

Мери Јордановска

Целата администрација да се врати на работа од 1 февруари, предлага МИОА

Ана Ололовска

Хоџа: Усвоен Националниот план за Ковид-19 вакцинација

Ана Ололовска

394 нови случаи на Ковид-19, починати се девет лица

Ана Ололовска