МИОА: Извештајот на вработени во јавниот сектор ја прикажува реалната бројка

Од:

Министерството за информатичко општетво и администрација излезе со реакција по денешната изјава на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски.

„МИОА вчера го објави Извештајот на вработени во јавниот сектор за 2019-та година. Извештајот покажува зголемување на бројот на вработени за 832 лица, односно за 0,6%, споредено со 2018-та година.
Бројка, што ДПМНЕ не може да ја прифати затоа што не одговара на нивните лажни проекции и дезинформации за илјадници нови вработени, кои изминатиот период ги пласираа во јавноста“, пишува во ракцијата на Министерството.

Од МИОА велат дека согласно Законот за вработени во јавен сектор, Извештајот се објавува „најдоцна до крајот на првото тримесечје во тековната година, за претходната календарска година“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он