МИОА и Метаморфозис со повик за пријавување на хакатон за отворени податоци

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација и Фондација Метаморфозис првпат организираат хакатон за отворени податоци, со поддршка на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество и Фондот за иновации и технолошки развој.

Како што информираат од МИОА, овој 32 часовен предизвик има цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија.

На настанот може да се пријави секое лице со наполнети 18 години, поединци или тимови кои работат со обработка и прикажување на отворени податоци од различни области.

Потребно е секој тим да биде составен од членови кои имаат познавања во развој на веб-апликации, дизајн, софтвер, економија, бизнис и маркетинг и мултимедија.

Простор за хакатонот ќе обезбеди Фондот за иновации и технолошки развој, а АД Македонски Телеком ќе  награден фонд од 5.000 евра за најдоброто решение.

Хакатонот за отворени податоци ќе се одржи од 13 до 14 март 2020 година, а пријавувањето на поединците или тимовите ќе трае до 9 март 2020 година.

Пријавените учесници ќе имаат можност да се запознаат со деталите и концептот на предизвикот за време на буткамп, кој ќе се одржи на 12 март 2020 г. во Скопје, наведуваат организаторите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он