Минкова извиси, Кристина Христова е в.д. директор на ФЗОМ

Од:

Владата денеска на седница донела одлука за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија да биде именувана Кристина Христова.

Таа на оваа позиција доаѓа од позицијата директор на Секторот за фармација во Фондот. Одлуката за именување на Христова доаѓа откога се констатирало дека Сања Минкова, која на претходната владина седница беше именувана за вршител на должноста на оваа позиција, не исполнува еден од посебните услови за директор, и тоа во поглед на периодот на поседувањето на специфично работно искуство од шест години.

– Превидот е констатиран пред да се потпише одлуката и истата да се објави во службен весник така што не се предизвикани правни последици, изјави за МИА портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. Владиниот портпарол информира и дека истовремено Владата одлучила да биде распишан јавен повик за пријавување на интерес за ангажирање на позицијата директор на ФЗО, кој ќе биде објавен во сабота на 28 февруари и ќе трае до 15 март годинава. Предвидено е Христова да ја извршува позицијата в.д. директор на Фондот во периодот до изборот на директор од кандидатите кои ќе се пријават на јавниот повик.

Кристина Христова е вработена во ФЗОМ од 2007 година, а на позицијата директор на сектор стапува во 2010 година. Претходно, Владата го именуваше и Орхан Рамадани за в.д директор на Фондот за здравствено осигурување. Двајцата в.д директори имаат еднакви овластувања, права и одговорности во извршувањето на функциите.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on