Минкова и Рамадани нови директори на Фондот за здравство

Од:

Сања Минкова и Орхан Рамадани се новите в.д. директори на Фондот за здравство. На функциите се назначени на вчерашната владина седница.

Рамадани е поранешен директор на Аеродроми Македонија, а Минкова е вработена во Владата.

Сања Минкова, дипломиран правник, вработена како соработник за правни прашања во Канцеларијата на премиерот Никола Груевски. Таа беше и дел од раководната структура на прилепскиот Тутунски Комбинат.

sanja-minkova-1

Сестрата на Сања Минкова е сопруга на синот на Петре Латиновски, градоначалник на скопската општина Бутел од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Јовица Латиновски, пак, е советник во кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

Минкова беше и претседател на управниот одбор на ЈП за државни патишта.

Предходно Парнарџиева и Мехази си дадоа оставки за случајот со малата Тамара, а Владата ги прифати нивните оставки.

Би можело да ве интересира

Докторите во мали места ќе може да работат без медицински сестри

А1он

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година