Мињон: Проблемот со името е од друго време

Од:

За Грција денес би претставувало чест ако прекинe со борбата за името која доаѓа од некое друго минато време, рече претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Жан-Клод Мињон во изјава за Дојче Веле.

Мињон пред дваесет години, како млад француски пратеник ја потпиша петицијата со која се бараше признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име.

„Не жалам за мојот потпис, тој се наоѓа веднаш до името на еден голем француски политичар Филип Сеген, кој го почитував и за жал повеќе не е меѓу нас“, рече претседателот на ПССЕ, Жан-Клод Мињон.

Според него, проблемот со името на Македонија е борба од некое друго минато време.

„Грција според мене денес има други нешта за кои треба да се грижи наместо за името кое треба да го носи оваа поранешна република од поранешната Југославија“, смета Мињон.

Тој не може да сфати зошто се уште не може да се реши овај проблем.

„Тоа е неверојатно! Неверојатно и далеку од вистинските грижи на јавното мислење. Искрено, во 2012 година овој проблем изгледа второстепен“, изјави Мињон.

 

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски