Министрите Попоски и Џафери утре на состанок на Северно-атлантскиот совет

Од:

Министрите за надворешни работи и за одбрана на Република Македонија, Никола Попоски и Талат Џафери, утре ќе го посетат седиштето на Северно-атлантската организација (НАТО), јавува дописникот на МИА од Брисел.

Како што известуваат од прес-службата на Алијансата, македонските министри во НАТО ќе се сретнат со заменик-генералниот секретар Александер Вершбоу.

Од НАТО информираат дека Попоски и Џафери утре ќе присуствуваат и на состанокот на Северно-атлантскиот совет (НАК). Македонија не е членка на Алијансата, но е партнер во повеќе мисии ширум светот.

Министерството за надворешни работи информира дека на состанокот во Брисел и двајцата министри ќе имаат свое обраќање за прогресот на политичко – економските и воено – одбранбените реформи во земјата во рамките на 14 циклус на Акциониот план за членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени