Министерството за правда се премисли – го тргна предлог-законот за референдум од ЕНЕР

Од:

Министерството за правда се премисли. Од Единствениот електронски регистар на прописи (ЕНЕР) ја тргна иницијативата за промена на Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните кое беше објавено вчера.

Од Министерството за правда попладнево испратија „демант“, во кој воопшто не се демантира претходно објавената информација од А1он, туку се појаснува за какви законски измени станува збор.

Во соопштението на Министерството пишува дека со измените кои се бараат се усогласува Изборниот законик.

Предлог-законот кој утрово беше објавен на ЕНЕР

„Со предложените измени на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши усогласување на текстот на Законот со Изборниот Законик и се напуштаат односно надминуваат одредени застарени решенија, од причина што Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е донесен во септември 2005 година, a Изборниот Законик во март 2006 година“, пишува во соопштението.

На крајот од соопштението повторно се додава: „Нагласуваме дека со предложените измени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши уредување на прашања кои се од значење за практичното спроведување на законот и техничко доуредување на текстот на истиот.

За некои портали, заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, изјавил дека ќе ја прекинат процедурата за измена на Законот за референдум, за да не се наштети на преговорите за името.

В. М.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски