Министерството за животна средина, ЕЛЕМ и „За нас се работи“ заедно ќе работат на решавање на проблемот со загадувањето во Битола

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, денеска оствари работна средба со претставници од граѓанското движење „За нас се работи“, од Битола.

На средбата присуствуваа и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и директорот на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.

На средбата беа изнесени проблемите со загадувањето од РЕК Битола на градот Битола и пелагонискиот регион, поткрепени со бројни показатели од претставниците на граѓанската иницијатива, кои потенцираа дека овој проблем веќе со години е причина за зголемена смртност и бројни заболувања.

Претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Зоран Заев, заедно со заменик министерот Јани Макрадули и директорот на ЕЛЕМ, Миновски, демонстрираа подготвеност да се реши овој горлив проблем за Битола и за пелагонискиот регион и повикаа на формирање на заеднички работни групи со претставници од сите страни, вклучително и од сите граѓански организации, за што поголем и активен придонес во имплементирањето на мерките за решавање на проблемот со аерозагадувањето на Битола.

Беше заклучено и тоа дека е неопходна стандардизација на процесот на отпепелување на РЕК Битола, и дека врз тој процес транспарентна контрола и надзор треба да имаат и граѓанските здруженија од пелагонискиот регион.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, ги повика сите здруженија на граѓани од областа на животната средина да пристапат кон потпишување на меморандум за соработка со министерството, и преку таквото партнерство да се динамизира решавањето на проблемите со загадувањето.

Директорот на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, рече дека уште веднаш, следната недела, ќе отпочне подготовка за јавна набавка за отпепелување, а најави и набавка на електростатички филтри, како уште една мерка за намалување на штетните емисии од гасови од РЕК Битола.

Како итен резултат од оваа работна средба произлезе и првата заедничка активност на Министерството за животна средина и просторно планирање, АД ЕЛЕМ, претставници од граѓанското движење „За нас се работи“ и дел од раководството на РЕК Битола, да се сретнат на 7 септември оваа година, во просториите на РЕК Битола, за да разговараат за идните заеднички акции.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски