Министерството за здравство воведува нова мерка- вонболничка постоперативна грижа

Од:

Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка, односно домашна постоперативна грижа, информира денеска на прес-конференција државниот секретар во Министерството Владимир Милошев.

Тој рече дека сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект, а оперираните пациенти се тие кои ќе имаат најголема корист.

– Целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во болничката установа, која најчесто се закажува еден месец после хируршката интервенција, истакна Милошев.

Посочи дека за таа цел се веќе назначени здравствени работници, кои телефонски ќе контактираат со пациентот еднаш дневно во првите три дена од отпуштањето од болницата, а потоа еднаш во неделата се до закажаната прва контрола.

– Во овој период пациентот ќе може да се јави за секоја промена на неговата здравствена состојба на определената медицинска сестра за добивање медицински совет на телефоните, кои ќе бидат јавно достапни на веб страната на Министерството за здравство, рече Милошев.

Според него, по излегувањето од болница најважно за пациентот е не само следење на инструкциите од докторот, туку и консултација или совет од медицинско лице посебно во случај на симптоми, кои укажуваат на одредени компликации.

Наведе дека во 2017 бројот на извршени хируршки интервенции е околу 51.771 интервенција, а проценките, според него, се дека и годинава толку пациенти ќе бидат згрижени со постоперативна нега.

– Со цел да се одговори на прашањата на пациентите во првите денови по напуштањето на болницата, ќе биде одговорен најмалку по еден здравствен работник – медицински сестри од редот на вработените, за секој оддел каде се хоспитализирани пациенти, додаде Милошев оценувајќи дека целта е да се унапреди достапноста, како и здравствената грижа за постоперативната и домашна нега.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство