• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Министерството за здравство дематира и најавува тужба за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на вакцините за сезонски грип

by А1он16/12/2020 - 15:4216/12/2020 - 15:44356
Share0

Министерството за здравство ги демантиа твдрењата за неправилности во тендерот за набавка на вакцина за сезонски грип кои денеска на прес конференција ги изнесе Марија Андоновска од ВМРО ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Секоја година, Министерството за здравство на јавен и транспарентен начин објавува постапка за доделување на договор за јавна набавка преку електронскиот систем за јавни набавки која овозможува конкурентност и таквите постапки и се достапни на јавноста.

Објава на тендерската документација, која ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја поврзе со Министерството, е неточна, односно истата не е спроведена од наша страна, туку од Центар за јавно здравје Скопје, кои набавуваат вакцини за комерцијални цели.

Со цел точно информирање на јавноста како би спречиле споделување на лажни информации, посочуваме дека двете постапки кои се објавени од Министерството за здравство, за 2019 година е со број на оглас 08685/2019 од 25.09.2019 година, а за 2020 година е со број на оглас 11316/2020 од 06.08.2020 година и во истите јавноста може да воочи дека спецификацијата е направена онака за да можат и двата производители, чии вакцини се регистрирани во државата, да учествуваат со своја понуда.

Следејќи ги препораките на СЗО и Комисијата за заразни болести, една од ризичните групи опфатени со бесплатна вакцинација се децата од 6 месеци до 5 години. Нашата цел е да заштитиме што поголем број на деца. Вакцините кои се наменети за вакцинација на деца, доколку не се искористат, се пренаменуваат за вакцинација на другите ризични категории. Денешните ставови изнесени на пресконферицќа ќе бидат предмет на тужба пред граѓанскиот суд во Скопје“ – стои во демантот од минстерството.

ministerstvo za zdravstvosezonski gripvmro-dmpne

Би можело да ве интересира

MЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не уредува дали некој ќе пуши, туку определува каде тоа не смее да се практикува

А1он17/01/2026 - 11:0717/01/2026 - 10:50

Нема продолжување на зимскиот распуст поради грипот

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 13:4615/01/2026 - 14:05

За смртта на новороденчето на гинекологија, Министерството за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 12:3616/12/2025 - 12:44

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 14:39

МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево

А1он15/09/2025 - 15:25

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

Катерина Ѓуровски14/09/2025 - 08:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен